Tuesday, August 27, 2013

Дебата на тема "Спортстки реквизити за вежбање"

Почитувани,

Како дел од прокетот FUPOL отворена е дебата на тема "Спортстки реквизити за вежбање". Станува збор за спортските реквизити кои Градот Скопје ги постави на повеќе локации на Кејот на Вардар, Паркот Македонија и Водно. 


На профилите на Градот Скопје на социјалните интернет мрежи, на фејсбук (www.facebook.com/pages/Град-Скопје-Официјален-профил/201845923194961), на твитер (https://twitter.com/gradskopje1) и на официјалниот блог профил за FUPOL проектот во град Скопје (http://fupolskopje.blogspot.com) може да коментирате дали ги користите овие справи, дали сте задоволни од нивната функционалност, да сугерирате и да ни посочите локации за поставување на други локации и слично.
  
Коментирајте на темата "Спортстки реквизити за вежбање" на интерактивната мапа со регистрација од Вашиот фејсбук и твитер профил (се наоѓаат на горната десна страна на интерактивната мапа).
https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/editableOpinions/1308717

Дополнително, можете да учествувате и преку давање одговори на кратката анкета на следната интернет врска - https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/questionnaires/1309311


Ви благодариме на Вашето учество и придонес.

Со почит,
Град Скопје

Thursday, August 22, 2013

Интерактивна мапа за проектот "Спортстки реквизити за вежбање"

Коментирајте на темата "Спортстки реквизити за вежбање" на интерактивната мапа со регистрација од Вашиот фејсбук и твитер профил (се наоѓаат на горната десна страна на интерактивната мапа).
https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/editableOpinions/1308717

Коментирајте на твитер на темата со

Отворена е дебата на тема "Спортстки реквизити за вежбање"

Почитувани,

Како дел од прокетот FUPOL отворена е дебата на тема "Спортстки реквизити за вежбање". Станува збор за спортските реквизити кои Градот Скопје ги постави на повеќе локации на Кејот на Вардар, Паркот Македонија и Водно. 


На профилите на Градот Скопје на социјалните интернет мрежи може да коментирате дали ги користите овие справи, дали сте задоволни од нивната функционалност, да сугерирате и да ни посочите локации за поставување на други локации и слично.


Дополнително, можете да учествувате и преку давање одговори на кратката анкета на следната интернет врска - https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/questionnaires/1309311


Ви благодариме на Вашето учество и придонес.

Со почит,
Град Скопје

ГРАДОТ СКОПЈЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРОЕКТОТ "ИНТЕЛЕГЕНТНИ АЛАТКИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ“ (FUPOL - FUture POLicy Modeling )


 
Проектот "Интелегентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.  
 
Резултатот од проектот е развивање на алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација помеѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување на политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување на одлуки. 
 
Со овие алатки жителите на Град Скопје ќе можат директно да учествуваат во процесот на креирањето на политиките на градот, каде преку социјалните интернет мрежи ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови на предложените теми и проекти. Дополнително, корисниците ќе можат да коментираат за дадените теми и на официјалните Facebook и Twitter профили на Градот Скопје, кадешто сите теми ќе бидат објавувани.
 
Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето на политики на Градот Скопје.