Wednesday, October 29, 2014

ГРАДОТ СКОПЈЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ“

Денеска /29.10.2014 година, среда/ во хотелот „Александар Палас" се одржува конференцијата „Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови“. Оваа конференција е организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во соработка со Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и истата се одвива под слоганот „ Размисли, испланирај и направи„ (Think IT, Plan IT, Do IT)”  и „Иновација и идни ИТ трендови“ (Innovation and Future IT trends).

На оваа конференција беа претставени најиновативните решенија од областа на ИКТ, како и трендовите кои се очекуваат да бидат актуелни во следниов период од голем број  компании, универзитети и државни институции.

На конференцијата учествуваат претставници од голем број институции од Република Македонија, претставници од Град Скопје, делегација на Европска Унија, членки на МАСИТ, членки на ЕБА, ИТ асоцијации и претставници од комори од регионов, претставници од МСП секторот, сопственици на компании, претставници од Академијата и други.

На конференцијата ќе се презентираат голем број иновативни концепти и трендови од ИТК индустријата, со специјален акцент на обработка на податоци во облак (cloud computing), 4Г технологијата, мобилна технологија, креативни индустрии, социјални иновации и стандарди на квалитет во информатичката технологија. 

Пред присутните своја презентација имаше и Градот Скопје, во рамки на презентациите и дебатата на тема „Примената на ИТ иновации во јавниот сектор за подобрување на услугите за мали и средни претпријатија" организирана од  фондацијата „Конрад Аденауер". На оваа дебара свои презентазии имаа Градот Скопје, директорот на Управата на јавни приходи, Горан Трајковски, Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Славче Трпески, како и раководителот на Секторот за информатика во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Силвана Трајковска. 

Градот Скопје на конференцијата се претстави со презентација на тема „Интелигентни алатки за креирање политики, применуван модел од Град Скопје" и истата ја презентираше раководителот на Секторот за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации на Град Скопје, Ловрен Маркиќ.

- Целта на проектот „Интелегентни алатки за креирање политики“ (FUPOL) е креирање на алатки кои ќе овозможат целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи, користејќи ги социјалните мрежи и другите алатки базирани на информатички технологии, проектот FUPOL ќе овозможи нов начин на комуникација помеѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување на политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки. Со овие алатки жителите на Град Скопје ќе можат директно да учествуваат во процесот на креирањето на политиките на градот, каде што преку социјалните интернет мрежи ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови на предложените теми и проекти - кажа Маркиќ.

Конференцијата „Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови“ е организирана со поддршка на Град Скопје.

Thursday, July 10, 2014

ОТВОРЕНА ДЕБАТА НА ТЕМА „КОРИСТЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО РЕКРЕАТИВНО И ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО ВО СКОПЈЕ“

Како дел од проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ - ФУПОЛ, отворена е дебата на тема „Користење на велосипедот како рекреативно и превозно средство во Скопје“. 

Сите заинтересирани можат да оставаат коментари за тоа каква е состојбата со велосипедските патеки на булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје, дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали на некои од овие патеки има одредени препреки (паркирани автомобили, лошо поставени билборди и инсталации...), како и да дадат идеи и предлози на оваа тема. 

Дополнително, граѓаните можат да се оставаат коментари и мислења и за процесот на изнајмување на велосипеди кој е организиран од страна на Град Скопје (јавно претпријатие "Градски паркинг" - Скопје), дали истиот ги исполнува очекувањата и дава позитивни резултати, дали има доволен број на пунктови за изнајмување на велосипеди, каде треба да се отворат дополнителни пунктови и слично.

Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на следната интернет врска .

Граѓаните можат да учествуваат и преку пополнувањето на прашалникот којшто е достапен на следната интернет врска

Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи фејсбук facebook , twitter, како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје .

Проектот „Интелигентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните. 

Резултатот од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.

Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот Скопје.

Thursday, January 9, 2014

ДЕБАТА НА ТЕМА "РЕКРЕИРАЊЕ НА ПЛАНИНАТА ВОДНО"



Почитувани,

Како дел од прокетот FUPOL отворена е дебата на тема "РЕКРЕИРАЊЕ НА ПЛАНИНАТА ВОДНО "

На профилите на Градот Скопје на социјалните интернет мрежи може да коментирате за тоа дали ја посетувате планината, што Ви се допаѓа, што не Ви се доаѓа, што според Вас недостига (некои специфични содржини, некој вид на реквизити, урбана опрема) и слично.

Дополнително, можете да учествувате и преку давање одговори на кратката анкета на следната интернет врска.

Исто така, може да пишувате коментари и на интерактивната мапа на следната интернет врска со регистрација од Вашиот фејбук и твитер профили (се наоѓаат на горната десна страна на интерактивната мапа).

Во проектот можете да учествувате и преку втората анкета, околу Вашите навики за користењето на планината Водно, која е достапна на следната интернет врска.

Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи фејсбук (www.facebook.com/pages/Град-Скопје-Официјален-профил/201845923194961),твитер (https://twitter.com/gradskopje1), како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје (http://fupolskopje.blogspot.com), како и по пат на електронска пошта на skopjefupol@gmail.com.

Ви благодариме на Вашето учество и придонес

Со почит,

Град Скопје