Како дел од проектот
„Интелигентни алатки за креирање политики“ - ФУПОЛ, отворена е дебата на
тема „Користење на велосипедот како рекреативно и превозно средство во
Скопје“.
Сите заинтересирани можат да
оставаат коментари за тоа каква е состојбата со велосипедските патеки на
булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот
Скопје, дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали на некои од
овие патеки има одредени препреки (паркирани автомобили, лошо поставени
билборди и инсталации...), како и да дадат идеи и предлози на оваа тема.
Дополнително, граѓаните можат да
се оставаат коментари и мислења и за процесот на изнајмување на
велосипеди кој е организиран од страна на Град Скопје (јавно
претпријатие "Градски паркинг" - Скопје), дали истиот ги исполнува
очекувањата и дава позитивни резултати, дали има доволен број на
пунктови за изнајмување на велосипеди, каде треба да се отворат
дополнителни пунктови и слично.
Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на следната интернет врска .
Граѓаните можат да учествуваат и преку пополнувањето на прашалникот којшто е достапен на следната интернет врска .
Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи фејсбук facebook , twitter, како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје .
Проектот „Интелигентни алатки за
креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија, во рамките на
ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење
на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги
социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за
подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата
комуницираат со граѓаните.
Резултатот од проектот е
развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер
кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и
бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско
собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а
исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и
закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на
донесување одлуки.
Сите добиени коментари, мислења и
ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и
истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот
Скопје.