Friday, October 25, 2013

Во рамките на проектот ФУПОЛ - ОТВОРЕНА ДЕБАТА НА ТЕМА „УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ БУЛЕВАРИ ВО СКОПЈЕ“

Како дел од проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ - ФУПОЛ, отворена е дебата на тема „Улично осветлување на главните булевари во Скопје". 

Станува збор за состојбата со уличното осветлувањето на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје.

Сите заинтересирани може да оставаат коментари за тоа каква е е состојбата со јавното осветлување на булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје, дали се задоволни од нивната осветленост, дали на некои локации имаат забележано дефекти и недостатоци, како и да дадат идеи и предлози на оваа тема. 

Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на следната интернет врска, како и преку пополнување на крактиот анкетен лист на следната интернет врска.

Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи фејсбук (www.facebook.com/pages/Град-Скопје-Официјален-профил/201845923194961),твитер (https://twitter.com/gradskopje1), како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје (http://fupolskopje.blogspot.com).

Проектот „Интелигентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните. 

Резултатот од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.

Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот Скопје.

Tuesday, October 22, 2013

ДЕБАТА НА ТЕМА "УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ БУЛЕВАРИ ВО СКОПЈЕ"



Почитувани,

Како дел од прокетот FUPOL отворена е дебата на тема "Улично осветлување на главните булевари во Скопје". Станува збор за состојбата со уличното осветлувањето на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје.

На профилите на Градот Скопје на социјалните интернет мрежи може да коментирате за тоа каква е е состојбата со јавното осветлување на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје, дали сте задоволни од нивната осветленост, дали на некои локации сте забележале редовни дефекти и недостатоци, како и да дадете Ваши идеи и предлози на оваа тема. 

Дополнително, можете да учествувате и преку давање одговори на кратката анкета на следната интернет врска.
 
Исто така, може да пишувате коментари и на интерактивната мапа на следната интернет врска со регистрација од Вашиот фејбук и твитер профили (се наоѓаат на горната десна страна на интерактивната мапа).


Во прилог интернет врска до сите улици и булевари кои се во надлежност на Градот Скопје (http://www.uip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=103:magistralni-ulici&catid=43&Itemid=170). 

Ви благодариме на Вашето учество и придонес

Со почит,

Град Скопје