Како дел од проектот
„Интелигентни алатки за креирање политики“ - ФУПОЛ, отворена е дебата на
тема „Улично осветлување на главните булевари во Скопје".
Станува збор за состојбата со уличното осветлувањето на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје.
Сите заинтересирани може да
оставаат коментари за тоа каква е е состојбата со јавното осветлување на
булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот
Скопје, дали се задоволни од нивната осветленост, дали на некои локации
имаат забележано дефекти и недостатоци, како и да дадат идеи и предлози
на оваа тема.
Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на следната интернет врска, како и преку пополнување на крактиот анкетен лист на следната интернет врска.
Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи фејсбук (www.facebook.com/pages/Град-Скопје-Официјален-профил/201845923194961),твитер (https://twitter.com/gradskopje1), како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје (http://fupolskopje.blogspot.com).
Проектот „Интелигентни алатки за
креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија, во рамките на
ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење
на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги
социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за
подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата
комуницираат со граѓаните.
Резултатот од проектот е
развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер
кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и
бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско
собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а
исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и
закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на
донесување одлуки.
Сите добиени коментари, мислења и
ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и
истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот
Скопје.
Ulica Jordan Milajkov poranesna Zeleznicka, osvetluvanje ima, no e postaveno od leva strana na kolovozot, na istata strana ima drvored koj ja blokira svetlinata, avtomobilite se parkirani na trotoarite od dvete strani a pesacite mora da se dvizat po ulica i navecer mnogu brzo se vozi, sto pretstavuva opasnost za niv.
ReplyDelete