Во
просториите на Градот Скопје вчера /11.11.2015, среда/ се одржа
презентација на симулатори, нови алатки кои произлегуваат од
истражувачкиот проект „Интелигентни алатки за креирање политики“ (FUPOL -
FUture POLicy Modeling).
Презентацијата
на новите симулатори на претставниците на градската администрација ја
извршија експерти од компанијата „Иновејшн” кој се официјални партнери
за реализација и имплементација на проектот, предводени од проф. д-р
Марјан Гушев.
На администрацијата и беа презентирани две интернет симулации изработени во рамки на проектот ФУПОЛ:
- Симулатор на рекреативните активности на Водно (http://prod.fupol.lv:8080/skopje).
Со
овој симулатор граѓаните можат да го прегледуваат статусот на тековно
зафатени ресурси на Водно врз основа на состојбите на терен (месец, вид
на време...) според однапред утврдени податоци и конфигурација. Покрај
ова, граѓаните ќе можат да креираат нивни конфигурации, поточно сами да
менуваат податоците и врз нивна основа да креираат симулации. Покрај
креирањето на нови симулации, граѓаните ќе можат да поставуваат прашања и
даваат сугестии до градската администрација.
- Симулатор за користењето на велосипеди (http://dev.fupol.lv:8080/skopjebicycle).
Со
овој симулатор граѓаните ќе можат да ја креираат симулации на кои ќе се
прикажува искористеноста на постојаните велосипедски патеки во Скопје,
како и да прикаже промена на корисниците на велосипедот како превозно и
рекреативно средство преку промена на условите на терен (промена на
квалитетот на одредени велосипедски патеки, изградба на нови
велосипедски патеки, поставување нови локации за поставување станици за
изнајмување на велосипеди и сл.). Исто како и кај претходниот симулатор,
и тука граѓаните ќе можат да прават симулации со измена на однапред
дадените податоците, да поставуваат прашања и даваат сугестии до
градската администрација околу прашањето со велосипедизмот и вело
инфраструктурата во Скопје.
Истражувачкиот
проект „Интелигентни алатки за креирање политики“ (FUPOL - FUture
POLicy Modeling) е финансиран од Европската унија во рамките на FP7
програмата и истиот има за цел да овозможи целосно нов пристап во водење
на традиционалните политики.
Целта
на проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ е преку
иновативни методи, користејќи ги социјалните интернет мрежи, напредно
моделирање и анкетни листови, да се придонесе во подобрување на начинот
на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните. Со
користењето на овие алатки жителите на Скопје ќе можат директно да
учествуваат во процесот на креирањето на политиките на Градот, каде што
ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови на предложените теми и
проекти. Резултатот од проектот е развивање алатки базирани на
информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на
комуникација меѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот,
кој е изработен, овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување
на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација
на ефектите од донесување политики и закони и можност да им асистира на
властите во целиот процес на донесување одлуки.
|
Проектот "Интелегентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.
Thursday, November 12, 2015
ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИ СИМУЛАТОРИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ФУПОЛ
Tuesday, January 27, 2015
ОТВОРЕНА ДЕБАТА НА ТЕМА „ ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ“
Како
дел од проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ - ФУПОЛ, отворена е
дебата на тема „Хортикултурно уредување во Скопје“.
Сите
заинтересирани можат да оставаат коментари за тоа каква е состојбата со цвеќето
и хортикултурното уредување во Скопје на местата коишто се одржуваат од страна
на Градот Скопје и ЈП "Паркови и зеленило" (средишно
и странично зеленило по главните булевари, поголемите градски паркови и јавните
зелени површини коишто се одржуваат од страна на Градот Скопје и ЈП "Паркови и зеленило"), дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали им
се допаѓа цветното уредување на овие површини, како и да дадат нивни предлози и
идеи на овие теми.
Сите
заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната
мапа на следната интернет врска.
Граѓаните
можат да учествуваат и преку пополнувањето на прашалникот којшто е достапен на следната интернет врска .
Дополнително,
сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје
на социјалните мрежи фејсбук ,твитер, како и на официјалниот блог профил напроектот ФУПОЛ во Скопје, како и по пат на
електронска пошта на skopjefupol@gmail.com.
Сите
предлози, идеи, коментари и критики значително ќе ја подобрат нашата работа во
оваа област и затоа ги охрабруваме граѓаните што повеќе да се вклучат во оваа
кампања.
Проектот
„Интелигентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија,
во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон
водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги
социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување
на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.
Резултатот
од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно
софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните
и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање,
анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така,
овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и закони и можност
да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.
Сите
добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со
специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето
политики на Градот Скопје.
Subscribe to:
Posts (Atom)