Како
дел од проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ - ФУПОЛ, отворена е
дебата на тема „Хортикултурно уредување во Скопје“.
Сите
заинтересирани можат да оставаат коментари за тоа каква е состојбата со цвеќето
и хортикултурното уредување во Скопје на местата коишто се одржуваат од страна
на Градот Скопје и ЈП "Паркови и зеленило" (средишно
и странично зеленило по главните булевари, поголемите градски паркови и јавните
зелени површини коишто се одржуваат од страна на Градот Скопје и ЈП "Паркови и зеленило"), дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали им
се допаѓа цветното уредување на овие површини, како и да дадат нивни предлози и
идеи на овие теми.
Сите
заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната
мапа на следната интернет врска.
Граѓаните
можат да учествуваат и преку пополнувањето на прашалникот којшто е достапен на следната интернет врска .
Дополнително,
сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје
на социјалните мрежи фејсбук ,твитер, како и на официјалниот блог профил напроектот ФУПОЛ во Скопје, како и по пат на
електронска пошта на skopjefupol@gmail.com.
Сите
предлози, идеи, коментари и критики значително ќе ја подобрат нашата работа во
оваа област и затоа ги охрабруваме граѓаните што повеќе да се вклучат во оваа
кампања.
Проектот
„Интелигентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија,
во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон
водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги
социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување
на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.
Резултатот
од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно
софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните
и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање,
анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така,
овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и закони и можност
да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.
Сите
добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со
специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето
политики на Градот Скопје.
No comments:
Post a Comment