Thursday, November 12, 2015

ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИ СИМУЛАТОРИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ФУПОЛ


Во просториите на Градот Скопје вчера /11.11.2015, среда/ се одржа презентација на симулатори, нови алатки кои произлегуваат од истражувачкиот проект „Интелигентни алатки за креирање политики“ (FUPOL - FUture POLicy Modeling).

Презентацијата на новите симулатори на претставниците на градската администрација ја извршија експерти од компанијата „Иновејшн” кој се официјални партнери за реализација и имплементација на проектот, предводени од проф. д-р Марјан Гушев.

На администрацијата и беа презентирани две интернет симулации изработени во рамки на проектот ФУПОЛ:

- Симулатор на рекреативните активности на Водно (http://prod.fupol.lv:8080/skopje).
Со овој симулатор граѓаните можат да го прегледуваат статусот на тековно зафатени ресурси на Водно врз основа на состојбите на терен (месец, вид на време...) според однапред утврдени податоци и конфигурација. Покрај ова, граѓаните ќе можат да креираат нивни конфигурации, поточно сами да менуваат податоците и врз нивна основа да креираат симулации. Покрај креирањето на нови симулации, граѓаните ќе можат да поставуваат прашања и даваат сугестии до градската администрација.

- Симулатор за користењето на велосипеди (http://dev.fupol.lv:8080/skopjebicycle).
Со овој симулатор граѓаните ќе можат да ја креираат симулации на кои ќе се прикажува искористеноста на постојаните велосипедски патеки во Скопје, како и да прикаже промена на корисниците на велосипедот како превозно и рекреативно средство преку промена на условите на терен (промена на квалитетот на одредени велосипедски патеки, изградба на нови велосипедски патеки, поставување нови локации за поставување станици за изнајмување на велосипеди и сл.). Исто како и кај претходниот симулатор, и тука граѓаните ќе можат да прават симулации со измена на однапред дадените податоците, да поставуваат прашања и даваат сугестии до градската администрација околу прашањето со велосипедизмот и вело инфраструктурата во Скопје.

Истражувачкиот проект „Интелигентни алатки за креирање политики“ (FUPOL - FUture POLicy Modeling) е финансиран од Европската унија во рамките на FP7 програмата и истиот има за цел да овозможи целосно нов пристап во водење на традиционалните политики.

Целта на проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ е преку иновативни методи, користејќи ги социјалните интернет мрежи, напредно моделирање и анкетни листови, да се придонесе во подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните. Со користењето на овие алатки жителите на Скопје ќе можат директно да учествуваат во процесот на креирањето на политиките на Градот, каде што ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови на предложените теми и проекти. Резултатот од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот, кој е изработен, овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.

No comments:

Post a Comment